Eнергетските капацитети во аут – само за еден ден увезена струја во вредност од 800.000 евра

Во услови кога се забележува намалено прозводство на струја оти од вчера РЕК Битола работи само со еден блок, државава не само што продолжува со купувањето на електрична енергија туку, увезува екстремно скапа струја. Државните елетрани никако да ги стават во функција сите три блока во РЕК Битола, а камоли да ги исполнат ветувањата за покривање на 100% од енергетските потреби. Во моментов РЕК Битола работи само со третина од капацитетот – и покрај ова премиерот Ковачевски уверува дека државата ќе има доволно количини струја.

  • Се работеше за протекување на една од цевките во вториот блок во РЕК Битола, се работи на негова санација и тој треба да биде ставен во функција во текот на наредните денови. Дополнително третиот блок кој што имаше изгорен трансформатор, трансформаторот е направен веќе започна неговиот транспорт.

Транспортот започна, но неизвезно е кога ќе трансформаторот кој се носи од Турција ќе стигне во земјава. Ковачески оптимист дека тој ќе стигне за два дена иако потоа треба и да се монтира. Но проблем не само Рек Битола, не работи ниту Осломеј, а исклучен и ТЕЦ Неготино. И за ова премиерот има оправдување.

  • Во мементов цената на електричната енергија на светските берзи е пониска од производствената цена на електричната енергија од ТЕЦ Неготино,  со оглед на високата цена на мазутот и дополнително што генераторот на ТЕЦ Неготино покажуваше одредени знаци на пречка во работењето за тоа овој период се искористи ТЕЦ Неготино да се исклучи од мрежа.

Ветувањата дека сите три блокови во РЕК ќе работат до стартот на грејната сезона не се исполнија,а допрва ќе се прави детална проверка и поправка на се’ она што треба во генераторот во ТЕЦ  Неготино – за тоа време државата коинтинуирано ќе врши увоз на електрична енергија. Премиерот ги куражи граѓаните да не стравуваат дека ќе останат без струја,но призна дека работат во услови на исклучително голема криза,а цените на енергесите на дневни ниво се менуваат,а државата не престанува да увезува стеуја наместо да го зајакне домашното производство.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста