Николоски: ЕУ треба да се врати на претходните критериуми од Копенхаген

Европската Унија мора да се врати на критериумите од Копенхаген, кои ги поставија условите за пристапување – коментира потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Алекснадар Николоски. Според него, тие критериуми се применуваа за сите земји кои добија членство во ЕУ, а се чини дека во случајот со Македонија, истите се заобиколуваат.

Ние само бараме да бидеме третирани на ист начин како оние земји кои се приклучија порано или сега преговараат за нивната интеграција. Истите барања мора да важат и за нас како и за другите.  Доколку се земат предвид тие критериуми, Македонија немаше да има никакви проблеми да напредува на својот пат кон ЕУизјави Николоски во интервју за новинската агенција V4NA.

Николоски го одбрани најавениот референдум, како најдобар и најдемократски начин граѓаните да се изјаснат дали сакаат Договорот со Бугарија да се поништи.

Односите со Бугарија се едно од најважните прашања за земјата, поради што решивме да собираме потписи. Владата, сосема наивно го прифати францускиот предлог кој имаше за цел да го отстрани бугарското вето за блокирање на пристапните преговори. Како дел од решението, Скопје мора да го измени уставот на земјата и да му даде повеќе права на бугарското малцинство – додава Николоски.

Потпишувањето на Договорт со Бугарија според Николоски, и даде за право на Бугарија да изнесува низа барања, а дел од нив не беа и не се прифатливи за опозицијата. И наместо да донесе пријателство и добри односи или соработка, резултираше со трајно вето. Сега откако Бугарија ја крена рампата, Македонија повторно треба да постапи како што бараше источниот сосед –  првиот чекор би бил внесување на Бугарите во Уставот.

Во интервјуто за новинската агенција, во фокусот била и енергетската криза во Македонија, за која Николоски смета дека е катастрофална и прстот го впери кон власта, која не направила доволно да ги ублажи последиците.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста