Скопје молчи, Софија гласна – различен пристап за културните клубови

Бугарските клубови и здруженија низ Македонија никнуваат како печурки после дожд, а во Бугарија и да се отвори македонски клуб е малтене светско чудо. Последен пример е одбивањето за регистрација на здружението Никола Вапцаров во Благоевград.

Ваквите провокации од Бугарија не се новитет, а не е новитет ниту пак нерагирањето на македонската дипломатија за да ги заштити своите граѓани во Бугарија.

Алфа упати прашања до МНР за дали ќе реагираат за забраната за регистрација на здружението Никола Вапацаров, но до почетокот на вестите одговор не добивме. Се поверојатно е дека и овој настан ќе помине без реакција на МНР, оти и самиот министер Османи не беше воодушевен кога клубот се отвори.

Адвокатот и познавач на оваа темкатика Менкиновски вели дека за ваквата состојба во која се наоѓаат македонците во Бугарија, вината лежи во лошата политика на властите.

Клучот за ваквата состојба е во македонската извршна власт. Имено доколку македонската дипломатија превземеше било какви чекори, во однос за забраната на овие клубови сега ние ќе имавме позитивен епилог не само за македонците како етничка група за политување на основните човекови во рамките на Бугарија, туку и во демократизирање на институциите на Бугарија во контекст за почитување на правата на македонците и останатите етнички групи, изјави за Алфа Тони Менкиновски – адвокат.

Тој е смета дека дозвола ќе се добие за регистрација на здружението оти одбивањето засега е само на првостепениот суд. Сепак Менкиновски смета дека македонските дипломати не ги користат демократските алатки со кои тие располагаат, туку ги кријат или ги користат за туѓи каузи.

Она што треба да го направи македонската дипломатија е едноставно само да го информира, бидејќи сме претседавачи на ОБСЕ, и да го информира комесарот за малцински прашања при ОБСЕ што се случува во Бугарија и тогаш имаме win – win ситуација. Комесарот има обврска да излезе на терен да види што се случува, да изврши дипломатски притисок, а тој притисок се префрла на земјите кои членуваат во ОБСЕ исто и тие ќе извршат притисок така што тие алатки треба да се користат,а не да се затајуваат од страна на македонската дипломатија или да се користат во туѓа кауза, вели Менкиновски.

За потсетување, Никола Вапцаров“, последно формираниот клуб на Македонците во Бугарија ќе се жали на второстапениот суд, откако беше одбиен да се регистрира како здружение. Претседателот на клубот за Алфа изјави дека Агенцијата ги одбила со образложение дека граѓански здруженија не можат да се регистрираат поради политички цели и активности, што е спротивно на тоа што всушност е здружението кое и во самиот статут има точка дека не врши политичка цел.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста