Нема крај на проблемите во штипската болница

Нема крај на проблемите во штипската болница

Не само со медицински, штипската Клиничка болница кубури и со технички персонал. Недостатокот од хигеничари и болничари за некој одделенија е сериозен проблем, објаснува директорот на болницата кој до Министерството за финансии апелира  да даде согласност за нови дваесетина вработувања, исклучиво за технички персонал.  Најалармантно е на ортопедија, гинекологија и интерно одделение.

  „Јас искрено се надевам дека конечно ќе одговори позитивно министерот за финансии, бидејќи со некој места за кои се побарани вработување имаме сериозни проблеми, пред се мислам на техничкиот кадар како болничари и хегиеничари. На некој одделенија веќе имаме сериозен недостаток„ изјави Ален Ѓеорѓијев, директор на КБ-Штип.

Во меѓувреме се уште не работи апаратот за магнетна резонанса, па пациентите од истокот се приморани ваквите испитувања да ги прават во Скопје. Постапката е завршена, сега се чека само на сервисерот.

Кога овластениот сервисер и дистрибутер ќе го добие делот ќе дојде и ќе го монтира. Тогаш ќе го ставиме во функција апаратот. Во моментот не можам точно да ви кажам кога тоа ќе се случи„ изјави директорот на болницата.   

      Во изминатиот период штипската болница  со медицински апарати и болнички кревети се подновува, но најмногу преку донации. Денеска добија десетина болнички кревети од Франција. Дека условите во кои работи медицинскиот персонал, но и се лекуват пациентите се кататрофални, призна и самиот министер Меџити, кој при последната посета во мај рече дека поради лошите услови и тој не би се лекувал во штипската болница.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста