Нема домашно творештво, се поддржува естрада, бурни реакции против проектите на Министерството за култура

Со 5000 евра доделени од Министерство за култура, Цветанка Ласкова  поранешната претседателка на форум на жени на СДСМ ќе одржи јубилејен концерт за 50 години сценско постоење. Ласкова не гледа ништо спорно, таа за Алфа вели дека не аплицирала, туку дека нејзини пријатели изразиле желба да организираат концерт, а таа ќе го одржи.

Јас воопштои не сум ни конкурирала. Тоа се мои пијатели тие ќе го организираат, а јас секако дека ќе го одржам. Јас сум пензинионирана, но песната ми е во душата и во срцето. Не гледам никаков проблем, ова што се провлекува моето име е  само дел од дневно политички настан, вели за Алфа, Цветанка Ласкова.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска посочи дека Министерството за култура ќе финансира естраден коцерт и дека министерката за култура појма нема што е национален интерес.. Ова не е првпат името на Ласкова да се поврзува со одобрени финансии за проект. Исто така неодамна нејзината снаа од Фондот за иновации и технолошки развој  зема 330 000 евра за проект наречен „Декорирај ме“. Но колку значењето на националниот интерес и домашното творешно е над пријателските и партиските врски, покажуваат реакциите на голем број културни работиници во земјава.

Според актерот Роберт Велјановски програмата е катастрофална, а во врска со заштитата на материјалното и нематеријалното богаство, министерството има одвоено нула денари и ситуацијата е очајна. Сликата не е ништо подобра ниту со состојбата на театрите во земјава.

„ Состојбата со театрите е катастрофална. За Македонски Народен театар се одвојуваат 2 милиони евра годишна за негово сервисирање, а само 55 илјади евра за програма, вели  Роберт Велјановски актер, професор на Универзитет ЕСРА

Незадоволни се и македонските издавачи. Претседателот на македонската асоцијација вели дека министерството комплетно ги деградирало споредувајќи ги одобрените средства со реалните потреби во процесот на издавање.

Она што се одобрени проекти и она што во реалноста може да се издаде не кореспондира. Министерството очигледно не ја гледа реалната слика, вели Бојан Саздов, претседател на Македонска асоцијација на издавачи.

Во програмата отсуствуваат големи музички, актерски и врвни писателски имиња и проекти, вака ја оценува програмата универзитетскиот професор Васко Шутаров. Според него програмата се носи без мерила и критериуми и е оставен простор за голем волонтеризам.

На иста линија е и Друштвото на писатели на Македонија. Оттаму реагираат во однос на нефинансирањето на автори и нивните најнови дела. Доколку деновиве не се отстранат овие пропусти, друштвото посочува дека ќе одржи вонреден пленум на кој ќе побараат одговорност од Министерството.

За споредба, концертот на Цветанка Ласкова вреди повеќе од македонскиот бренд – Фестивалот на детска песна „Златно славејче“ а Макфест има добиено само 100 илјади денари повеќе.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста