Наместо за реставрирање болници, училишта, градинки, државата покривала долгови и кредити на „Железници“  и „Државни патишта“

Наместо за реставрирање болници, училишта, градинки, државата покривала долгови и кредити на „Железници“  и „Државни патишта“

Државата претставувала дека троши пари за капитални инвестиции, а всушност се плаќале долгови.    8 милијарди денари биле неоправдано претставени како капитални инвестиции, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

 Граѓаните наместо  да добијат реконструирани здравствени домови, училишта, нови градинки, студентски домови се давало поддршка на ЕСМ , и се плаќале долгови и кредити на Железници и Државни патишта. Поддршката која Владата ја обезбедила  за ЕСМ од крајот на 2021 , до септември годинава е во висина од 378 милиони евра , а под ставката „ капитални инвестиции добиле 97 милиони евра “ кои всушност не биле капитални

Како резултат на растечките трошоци од енергетската криза , Владата vo 2022 не реализирала проекти кои се од важност за животот на граѓаните , во вредност од 170 милиони евра , кога кон тоа ќе се додадат и  50 милиони евра колку што изнесуваат нереализираните проекти на сите општини во земјата произлегува дека граѓаните се оштетени за 220 милиони евра проекти, вели Сабина Саќиќ од Центарот за граѓански комуникации

Проектите кои се жртвувале за да покрие расходи од енергетската криза се во речиси сите сектори . Пример планирано било да се потрошат 20 милиони за образование а релизирани се половина, за патна инфраструктура, каде спаѓа и договорот со Бехтел и Енка  биле планирани  100 милиони евра, а реализацијата е 0.

Извештајот на центарот за граѓански комуникации го потврдува и Државна ревизија . Од таму алармираат дека мора да има посериозна грижа за капиталните инвестиции. 

Истражувањето траело девет месеци , а Центарот се соочувал со низа проблеми. Дури е утврдена и софтверска грешка  за префрлени пари кон институции .  

Ваквите податоци  го вклучуваат алармот дека државата треба да престане да троши од граѓаните . Експертската јавност јасно порачува: наместо да се влече од проекти кои треба да го подобрат животот , функционерите да скратат на нивните бенефиции .

Кристина Алексиеска
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )