Молк од Илинденска – Дали „Вујче“ од Америка платил се за семејството на Ковачевски

Трет ден Владата не дава официјален одговор на прашањата на Алфа – дали „вујче од Америка” платил се – авионски карти, како била поделена сметката во хотелот ако за премиерот плаќа дражвата а за децата некој друг, дали имало и колку чинел вип третманот на аеродромите, дали било ангажирано дополнително обезбедување.

Експерти за Алфа објаснуваат дека според видот на посетата зависи и тоа дали премиерот треба да ја поведе или не сопругата, а за децата во најмала рака е несериозно. Само за официјални посети, сопругите ги придружуваат функционерите, за останатите посети, присуството на сопругата не е задолжително и како член на делегацијата е товар плус на државнииот буџет, коментираат експерти.

  • Политичарот не ја носи својата сопруга во странство кога оди во работна посета. Тоа се смета за несоодветно. За останати членови на семејството (деца), како што вели Ковачевски, приватни патувања и приватни активности во склоп на работна посета на еден премиер во најмала рака е несериозно кога е во прашање извршување на висока државна функција како што е премиерската.

Исто така, целата организација и реализација на работните посети не се едноставни и освен трошење буџетски пари, се ангажираат и дополнителни институции.

  • Најпрво се утврдува датум и време на доаѓање и заминување на делегацијата; начин на патување карактер на посетата (официјална, работна, приватна) и цел на посетата; број на лица и состав на делегација; податоци за членовите на обезбедувањето кои ќе ја придружуваат делегацијата, да се обезбедат авио билети; дочек/испраќање, обезбедување на ВИП салон, пасошка и царинска контрола; хотелско сместување; програма за претстојната посета; ручеци, вечери, коктели; приватна програма, разгледување на знаменитости, шопинг, приватни посети; безбедност; сувенир-подароци.

Доколку домаќинот не обезбедува локален превоз потребно е преку надлежното Дипломатски конзуларни претставништва да се изнајмат соодветен број на возила во зависност од бројот на членови кои ја претставуваат нашата делегација (шеф на делегација, членови на делегација, придружни лица.

Алфа испрати и барање за информации од јавен карактер до Владата. Оттаму  според Законот за пристап до информации од јавен карактер имаат рок од 30 дена да одговорат,  колку буџетски пари се потрошени на патувањето во Америка на кое Ковачевски си го поведе целото семејство.

Паула Костадиноска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста