Мицкоски: Уставните измени нема да се случат

Ковачевски немал, нема и нема да има парламентарно мнозинство за уставни измени. И наместо да го прифати хрватскиот модел, тој зад затворени врати договара Македонија да стане бинационална земја, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Редифинирањето на Преамбулата на Уставот би било предавство на оваа влада и би ја фрлила Македонија на колена, тврди Мицкоски.  

  • „Редефинирањето на Преамбулата на Уставот би бил еден вид национално предавство на оваа Влада која би ја фрлила државата на колена. Предупредувам, Ковачевски да не си игра играчки со уставните измени со кој ќе ја редифинира Македонија во бинационална држава, да престане да исполнува концесии кон ДУИ, затоа што плаќа прескапа цена за власта која ја има.А што се однесува до уставните измени за внес, дел, на мал дел од бугарскиот народ јасно е дека Ковачевски нема, немал и нема да има мнозинство во парламентот, ниту тие ќе поминат. Ова што го говорам е јасно од фактот што и самиот вели дека нема да си поднесе оставка доколку тие измени не поминат во парламентот што е своевидно признание дека упорно со месеци ја лажеше јавноста дека има било какво мнозинство“ рече Мицкоски.

На повикувањата од власта опозицијата да се качи во победничкиот воз на СДСМ, на патот кон Европската Унија, Мицкоски тврди ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да биде дел од возот кој е во темен тунел и кој удира во карпа.

  • „А што се однесува до оние повици од СДС да сме се качеле се на возот кон ЕУ, цело ВМРО-ДПМНЕ или еден дел, ќе му одговорам цело ВМРО не само дел, туку цело ВМРО-ДПМНЕ веќе е на возот кон ЕУ, а возот во кој се Ковачевски и ДУИ веќе е влезен во темниот тунел кој еднонасочно удира во карпа. ВМРО-ДПМНЕ, повторувам цело ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да биде дел од анти-македонскиот фронт кој го предводи не цело СДСМ, туку една тесна клика на СДСМ и ДУИ. Антимакедонски фронт  составен од спрегата ДУИ – СДС е качен на возот кој влегува во темниот тунел без излез.Овој пат нема да го излажете народот. И лошо ќе завршите зошто ќе ви се случи народ“ вели Мицкоски.

Победникот на следните избори според Мицкоски е јасен, тоа е коалицијата што ја предводи неговата партија. Тој ги повика граѓаните масовно да излезат за да ја поддржат опозицијата и да ја вратат Македонија на вистинскиот пат.

Мицкоски предупреди дека освен за уставните измени, актуелната власт е фокусирана на реализација посекоја цена и на договорот со Бехтел и Енка кој според него е коруптивен, спротивен на интересите на домашните компании и погубен за работничките права.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста