Мицкоски: Нема градежни активности на коридорот 8 затоа што не се подготвени и немаат проект

Владата сака да гради без одобрение за градба. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски алармира дека власта сака да направи измени на Законот за градење со кој ќе се овозможи Бехтел и Енка да градат без дозвола за градење. Според Мицкоски , градежните активности на терен нема да почнат уште долго време затоа што Владата не е подготвена .

„Измените кои се доставени во парламентот бараат да го отпочнат овој проект без одобрение за градба, додека вие и ние сите за да почнеме нешто да градиме треба да извадиме одобрение за градба. Еве нека ме демантираат ако не е така. Значи, таму имаме граѓани од прв ред, граѓани од втор ред, празни места па сите ние. Ете така отприлика функционираа оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО -ДПМНЕ

Од вчера веќе течат и роковите за плаќање пенали бидејќи не е сменат Законот за работни односи со кој треба да се дозволи 60 часа работна недела. Мицкоски алармира дека за месец и половина Македонија ќе треба да исплати еднократно 53 милиони евра пенали на Бехтел и Енка .

„Еднократно вие граѓаните ќе треба да платите 53 милиони евра на ‘Бехтел и Енка’, а потоа секој месец ќе треба да плаќате по повеќе од два милиони евра за секој ден, секој месец што се доцни. Зошто? Затоа што некој одлучил да ве краде. Затоа ја повикувам македонската јавност да застане против ова историско злодело, а не историски проект“, рече Мицкоски.

Владата уверено најавуваше дека на 22 април старува изградбата на најголемиот историски проект. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски дури и им кажа на новинарите дека ќе им испрати точна локација каде ќе започнат, ама наместо тоа, вчера од неговиот кабинет испратија соопштение дека почнуваат подготовките. Според шпекулациите првата траса ќе биде Гостивар – Букојчани ,која впрочем е и најскапата делница. Според првичните пресметки ќе чини 18.5 милиони евра по километар или околу 560 милиони евра.

Дека ќе заигра лопатата се радуваше цела Влада кога се собра да ја отвори таблата која го симболизира камен –темелникот. Координаторот на проектот , Артан Груби дури и се облече во знакот на коридор 8 .  Три недели подоцна од помпензите најави за проектот кој го следат низа контроверзии , сеуште имаме само табла.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста