Мицкоски го повика Ковачевски да ги стави уставните измени на дневен ред и ако нема мнозинство да поднесе оставка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го предизвика премиерот – ставете ги уставните измени на дневен ред, ако нема мнозинство, поднесете си оставка. Мицкоски порачува дека Уставни измени под овие услови во овој Парламент ќе нема, односно дека овој собраниски состав нема легитимитет да гласа за внесување на бугарите во преамбулата во македонскиот Устав.

„Ја користам оваа прилика и го повикувам човекот кој што е поставен таму, Димитар Ковачевски, и вистинскиот кој што ја води Владата, Артан Груби заедно со Али Ахмети да ги достават овие барања во Парламентот односно да ја достават потребата за отворање на Уставот за да можат пратениците да се изјаснат. Еве час поскоро, нели викаат континуирано од минатата година, помина една година, а ние слушаме е сега во септември имаме 2/3 мнозинство, помина септември, дојде октомври, е не до октомври туку до крај на година, па помина 2022 година, е не било до крај на година, било до февруари, помина февруари, сега викаа мај, еве го и мај поминува. Затоа ајде еве еднашка нека се охрабрат и нека го поднесат тоа барање и Али Ахмети и Димитар Ковачевски и да изгласаат пратениците, да видиме како ќе гласаат“, повика Мицкоски.

Тој посочи дека тогаш и можеби онаа оставка која што си ја поднесува Ковачевски, за која што зборува цело македонско Собрание дека премиерот ја доставил до спикерот Џафери, а овој не му ја прифатил – конечно да биде ефектуирана.
Опозицијата е децидна тие глас за уставните измени нема да дадат, ниту пак партијата на Трајанов, иако власта убедува дека веќе ги има потребните 80 пратеници. Се погласни се гласините дека токму во пратеничката група на СДСМ двајца претеници јасно кажале дека тие глас за промена на Уставот не даваат, токму и затоа според неофицијални информации врие кај социјал-демократите.

Дека работата со вметнувањето на бугарите во Уставот е далку е од готова, зборува и фактот дека БЕСА, а најверојатно и Алијанса на албанците нема да гласаат за уставни измени, ако не се изгласа бришењето на формулацијата 20% од Уставот, па така 80 пратеници кои наводно ги има Владата се одвај просто мнозинство.

Токму во оваа линија се и обинувањата на ВМРО-ДПМНЕ односно дека работната група за уставни измени преговарала за бинационана држава, на што Ковачевски експресно демантираше, но никогаш не објасни дали и како ќе се справи со барањата на партиите од албанската заедница, за бришење на формулацијата 20% од Уставот.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста