Мицкоски: Во Македонија не владее правото, тоа го потврдува назадувањето на „World Justice Project“

Во Македонија нема владеење на правото со оваа власта на ДУИ поддржана од СДСМ. Владата не може да решава проблеми затоа што и самата е проблем дециден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Граѓаните вели имаат чувство дека во Македонија не владее право, туку владеат политичките елити на ДУИ и СДСМ. Тоа може лесно да се види ако се спореди индексот на владеење на правото на меѓународната организација „World Justice Project“ во 2015 година со 2022 година пишува Мицкоски.

  • Македонија во 2015 година била на 44 место (слика 1), а во 2022 година 63 место (слика 2). Во Македонија со оваа влада нема владеење на правото. Владата не може да решава проблеми, затоа што оваа влада е проблем“ пишува Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ вели Мицкоски може да го врати владеењето на правото во Македонија а за тоа повтори дека се потребни предвремени парламентарни избори. 

  • Имаме план, знаеме како да го вратиме владеењето на правото, а не владеењето на малкумина политички измамници. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред“, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Освен индексот на „World Justice Project“ која е инаку меѓународна организација која за цел има да работи на јакнење на владеењето на правото во светот, слабиот резултат во македонскиот правосуден систем во низа го покажуваат последните анкети спроведени меѓу македонските граѓани. Довербата која ја уживаат истражните и судските органи е многу блиску до нулата, односно само три отсто од граѓаните целосно веруваат во обвинителството, а четири отсто во судовите според последната анкета на ИРИ. И анкетата на „Еврометар“ покажа најмала доверба од граѓаните, во обвинителството или само 7% а во  судството 6 отсто.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста