Мицкоски бара лидерска средба за датум за избори и Изборниот законик

Мицкоски бара лидерска средба за датум за избори и Изборниот законик

Ковачевски да свика лидерска средба за да се договори датумот за парламентарните избори, бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој предлага парламентарните и претседателските избори да се одржат истовремено, за да се скратат буџетските трошоци. Со оглед на тоа што на шест месеци пред избори ништо не е средено -договорен датум, изборниот законик, како повик за набљудувачи според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ е преседан. Одговорност аја гледа кај премиерот.

  • „Дали сакал Ковачевски или не сакал избори ќе има. До сега во овие повеќе од 3 децении не се случило да нема лидерска средба на која ќе се договорат термини за тие избори, не се случило да нема лидерска средба на која ќе се договорат термини за тие избори, не се случило да нема разговори во кој ќе се дефинира изборниот законик затоа што таму има препораки од ОБСЕ и ОДИХР технички кои треба да бидат имплементирани негдека околу 12 на број. Не се случило на 6 месеци пред избори да биде упатена покана до мониторинг мисијата на ОБСЕ и ОДИХР, треба да се дефинира дата за техничка Влада. Ова се работи кои сакал Ковачевски или не сакал ќе се случат за неколку месеци од сега“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски е со став дека логично е кога еден избрен процес чини 10-тина милиони евра и парламентарните и претседателските да бидат заедно.

  • „Логично е да има двојни избори за да се намали трошокот затоа што еден изборен процес е помеѓу 7 и 10 милиони  евра кои ќе бидат потрошени и сега би било малку несмасно и некоректно од наша страна во услови на криза, во услови кога половина од населението гладува и едвај врзува крај со крај од први до први ние да зборуваме за одвоени изборни процеси уште повеќе што можеме да влеземе во политичка и уставна криза ако претседателските избори не бидат успешни и тогаш навистина влегуваме во еден озбилен проблем имајќи предвид дека 2025-та година е повторно изборна година имаме локални избори. Нашата намера е само да помогнеме во процесот и само државнички да се однесуваме и цениме дека можеби најдобро за државата е да има заеднички избори, вториот круг претседателски да бидат заедно со парламентарни избори. Ние сме подготвени на било кој концепт, секако тие ќе бидат поразени“, дециден е Мицкоски.

На лидерската средба според Мицкоски треба да се разговара и за барањата на помалите политички партии кои предлагаат една изборна единица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )