Комисијата за заштита од дискриминација ќе го тужи Министерството за образование

Комисијата за заштита од дискриминација ќе го тужи Министерството за образование

Учениците кои посетуваат настава во задолжителното деветгодишно образование,немаат од каде да учат -од 123 потребни учебниците по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата, на први септември недостасуваа 46 учебници,што е една третина од вкупниот број учебници.Поради ова Комисијата за спречување и заштита од дискриминација деновиве ќе поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против Министерството за образование и наука.

 Нивен интерес е да добиваат квалитетно образобание, а тоа значи учебник по секој наставен предмет во секое одделение и на секој јазик во кој се одвива наставата.Tужена ќе биде државата односно министерството за образование  и наука”-вели  Весна Бендевска, член на КСЗД

Иако комисијата во јуни годинава упати препорака до МОН да обезбеди учебници по сите наставни предмети и на сите наставни јазици најдоцна до 31 август и да достави писмен извештај,тоа не се случи. Врз основа на списокот со податоци што на нејзино барање бил доставен од МОН,на почетокот на учебната година,книги имаа само учениците во прво и второ одделение. 

 Во случај кога не постои учебник како основно сретство за изведување на наставно образовен процес што е должна државата да го обезбеди,се наоѓа вo ситуација да не добива нема еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со учениците кои го имаат учебниците”-вели Бендевска

Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација посочуваат дека недостаток на учебници и бесплатен превоз на студентите и средношколците има и во приватни гимназии и факултети за разлика од оние што се школуваат во државните образовни институции.

Се работи за сензитивен  спор во кој комисијата ќе треба да го докаже и да ги поднесе сите факти и свои наоди со кои располага,а висина на прекршокот ќе го утврдува понатака судот во граѓанска постапка.Одлуката е донесена поради повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование,појаснува Бендевска.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )