Ловечка федерација на Македонија: Итно да се донесе законот за ловство и оружје

Под итно да се донесат законите за ловство и оружје, за да се решат проблемите со кои се соочуваат македонските ловџии. Со нив ќе се утврдат моделот за доделување на концесии, а ќе се олесни и постапката за издавање дозволи за оружје , порача Влатко Алексовски преседателот на Ловечката федерација.

„Лица кои служеле воен рок веќе нема да се препракаат на обуки во центрите. Теоретскиот дел од испитот веќе нема да се полага електронски. Боевата муниција ќе се продава слободно. При продолжување на дозволите ќе се промени возрасната граница и наместо 65 ќе се помести на 75, па потоа ќе се бара лекарско уверение„-Влатко Алексовски, претседател на ЛФМ.

И останатите ловџии се согласуваат дека е потребно итно донесување на овие два закони со кои значително ќе се подобри статусот на ловџиите, но и нивната безбедност

„Под итно треба да се донесат законите за ловџиство и оружје. Да се подобри кинолошката слика во државата, но и да се зголеми безбедноста на ловџиите„-рече Дарко ЈОванов од ЛЗ„Бел камен„од Виница.

Според првиот човек на Федерацијата целта на ловството е да се одржи ред и да се зачува дивечот во Македонија, како национално богатство. Со издавања на ловиштата под концесија се намалува криволовството, а се зголемува бројот на популацијата на диви животни..

„Нашата цел е традиционален лов. Да се овозможи лов за секој граѓанин, без разлика на неговата социјална структура. Да стане семејна традиција-ловел дедото, а лови и внукот„-рече Влатко Алексовски

На Изборно собрание коешто се одржа во Квадарци, Алексовски едногласно беше реизбран за претседател на Ловечката федерација на Македонија

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста