Котлар Трајкова во „За или Против“: Замислете ние имаме претседател кој вели дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е ништо страшно и е обична техникалија

Тема на која вечерва во „За или Против“ на Алфа дебатираа универзитетската професорка Наташа Котлар Трајкова и Сотир Костов е „Кога власта ќе го слушне гласот на народот?- Дури 80 проценти од Македонците се против внесувањето на Бугарите во Уставот“. Универзитетската професорка по историја Наташа Котлар Трајкова е на ставот дека политичарите, пред се оние од власта мора да внимаваат што говорат во јавноста, пред се оние од власт.

Осврнувајќи се на зборовите на претседателот Стево Пендаровски дека нема да биде никаква трагедија ако ги внесеме Бугарите во Уставот. Според Котлар Трајкова тој мора да внимава бидејќи пред се во јавноста не се појавува како Стево Пендаровски, туку претседател на Македонија.

-Гледаме дека имаме некоја комисија од 23 члена, која треба да подготвува некаков текст во кој што ќе бидат внесени Бугарите во Уставот. Замислете ние имаме претседател кој што вели дека нивното внесување во Уставот не воопшто страшна работа и тоа е една техникалија. Меѓутоа морам да го потсетам претседателот дека има морална вредност во моментов бидејќи е претседател и треба да внимава што зборува, изјави Котлар Трајкова.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста