Кога власта ќе пушти нов автопат ? – Надлежните се правдаат со временските услови

Пет години временските услови биле причина за ненавременото завршување на патиштата кои се реконструираат и градат во државава, некои од нив безмалу и една цела деценија. Таков е случајот со автопатот Охрид-Кичево на који по цели 8 години и три продолжувања на рокот за изградба, не му се гледа крајот. Заклучно со месец август требаше да биде готова делницата од Трбеништа до Охрид, ама како што вели првиот човек на Ј.П за државни патишта,покрај проблемите и времето не им било погодно за работа.

Тие проблеми што ги имавме административни веќе ги решивме и следниот понеделник целосно ќе биде пуштен во употреба од Требениша па до Охрид.Сега во моментот и  временските околности кога се работи за градежни работи, и временските околности имаат влијание на градежните работи, изјави Ејуп Рустеми-директор на Ј.П за Државни патишта

Рустеми кој беше дојден во Струга да изврши увид на магистралниот пат Подмоље-Струга-Ќафасан за чија реконструкција, односно само ставање на нов асфалт биле потребни дури 15 месеци, го прашавме дали и овој патен правец ќе се заврши на време колку што се завршија другите патишта кои се градат низ државава? Алфа го праша и кога ќе биде целосно завршен барем еден пат? Автопатот вели Кичево-Охрид ќе бил готов до крај на 2023-та, ама требало да се завршат уште 10инфраструктурни проекти за паралелни и пристапни патишта,ама тоа не е една мака.

После тоа да вршиме и експропријација и до краот на 2023-та да го завршиме тој фамозен проект Кичево –Охрид.Сигурни сте дека ќе го завршите сето ова до 2023-та? Ние имаме амандман број 5 каде според амандманот ние имаме предвидено рок за завршување на тој проект. Што ако не се заврши? Ние ќе инсистираме, вели Рустеми.

Во очајна состојба е и патниот правец Охрид-Свети Наум кој е дел од сите полтички кампање, ама никако да се реновира, ако веќе не може да се направи нов.Рустеми вели проект имало, ама со оглед на економската криза,се пребројувале парите во државната каса, оти цените во градежништвото скокале за 70 односно 80%.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста