Ковачевски vs. Заев а во неговиот премиерски мандат се отворија „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“

Кој од Македонската Влада предводена од СДСМ актуелната на Ковачевски или претходната на Заев, стои или барем го поддржува отворањето на бугарски клубови и здруженија во Македонија..  Зоран Заев, јавно, како премиер, во видео интервју за бугарски медиум, призна, дека тој нема каков било проблем, во промоцијата и отворањето на разни бугарски центри во земјава.

Македонско – бугарските здруженија прават нешто, јас ги отварам. Јас сум секој пат таму затоа што тоа се мои пријатели. -Зоран Заев, поранешен премиер на Македонија

Неговиот наследник на функциите – премиер на Македонија и Претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, како никогаш да не ја слушнал оваа изјава на Заев.

Јас не ги знам кои се луѓето што ги отвараат тие клубови меѓутоа сигурно не се блиски и поврзани до социјал демократскиот сојуз. – Димитар Ковачевски, премиер на Македонија

Дали поранешниот и сегашниот премиер, никогаш не разговарале за идеологијата која ја објаснува потребата за постоење на СДСМ, или, само имаат крајно спротивставени гледишта за темелите, на кој почива постоењето на партијата.

СДСМ е партија која е втемелена на народно ослободителната борба на државата. – Димитар Ковачевски, премиер на Македонија

Бугарски и Македонски војски ослободуваат територии, на, еве знаеме Крива Паланка, Куманово целиот регион, Скопје и во целиот овој дел. –  Зоран Заев, поранешен премиер на Македонија

И конечно, дали е провокација отворањето на бугарски клубови во Македонија, со имиња на соработници на фашисти, или пак тие, се дел од некаква заедничка македонско – бугарска историја и тука, според искажаните ставови, Заев и Ковачевски, се однесуваат како прв пат да се виделе на примопредавањето на функцијата.

Оти ние немаме споделена историја, немаме ни вкрстена историја, ние имаме заедничка историја. – Зоран Заев, поранешен премиер на Македонија

Сметам дека отварање на културен центар треба да носи име на некој кој што зближува, а не на некој кон кој што граѓаните во оваа држава имаат негативни чувства. – Димитар Ковачевски, премиер на Македонија

Заев и Ковачевски, можеби имаат, или сакаат да остават привид, дека имаат различни ставови за многу прашања од суштинска важност за македонската самобитност, но тоа не го менува фактот, дека во Македонија, веќе постои бугарски клуб со името на Ванчо Михајлов, а од вчера, и Царот Борис Трети се одомаќи во Охрид.. И во двата случаи, македонските граѓани бурно протестираа и се противеа, препознавајќи агенда на тивка бугаризација и асимилација на македонците , но се чини, дека нивниот револт, не е на линија на официјалната македонска политика, која смета, дека членството во ЕУ нема алтернатива, без оглед на загубите и поразите, што би можеле да се случат попат.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста