И на стручната фела не и е јасна одлуката на Меџити за повластен третман на пациенти од Косово и Албанија

Министерот Меџити мора малку да се соземе кога дава изјави, бидејќи ја вознемирува јавноста, смета поранишенот директор на Фондот за здравствено осигурување, д-р. Никола Пановски, кој за последната одлука на министерството за здравство вели дека во меѓу-државните односи мора да има реципроцитет. Ако за странски државјани кај нас е поевтино, мора и за нашите да биде исто во другите држави.

  • „Кога кажа дека граѓаните, односно жителите/државјаните на Албанија и Косово дека не се странци, мислам дека треба да малце да олабави кога ќе каже нешто такво. Треба да се види и реципроцитет и мислам дека не може министерот сам да носи одлука, не може да каже за овие две земји јас донесов одлука, за другите ќе разговараме, па со овие разговараше ли па донесе одлука? И ние кога ќе одиме на летување во Албанија, по кои цени ќе се лекуваме? Тоа се треба да се каже, не може вака, да се каже полу-изјава, па потоа да се каже дека не сме го сватиле како што треба.“ – Вели д-р. Пановски.

Доктор Пановски додава дека македонскиот фонд за здравство има реципроцитетни договори со 50тина странски држави, но, станува збор за итни ситуации при патувања и гаранции оти таа држава ќе му помогне на наш повреден граѓанин. Вели дека причина зошто нема договор со Косово можеби е затоа што е многу блиску, па нема потреба.

Вели дека некои клиники, како стоматолошките, имаат интерес да нудат домашни цени на странци, но дека не е секаде исто. Смета дека министерот не може да донесе таква одлука, бидеќи тоа е работа на владата.

  • „Не знам зшто би важело само за две земји. Трето, не знам зошто тие не се странци. А македонците од егејска Македонија и Преспа се странци. Конфуизија ќе се направи аги рачунаме така работите. Тие се граѓани на друга држава. Би требало да важи за сите земји под еднакво“ – Додава тој.

Доктор Пановски смета и дека прво мора да се направи анализа и да се објави, дали новите ценовници ќе донесат повеќе приходи во јавното здравство и дали здравството може да издржи наплив на пациенти од други држави. Вели дека може да се доведеме во ситуација болниците да даваат приоритет на оние кои плаќаат приватно, за да остварат повеќе приходи.

Граѓаните со кои разговаравме не се согласуваат со одуката на министерот Меџити. Велат, странци кои не плаќаат придонеси и даноци за да се оддржуваат и изградат болниците, не може да плаќаат исти цени.

Според податоците на светската здравствена организација, во Косово на секои 1000 жители во просек има само 2,3 доктори. Полоша стапка во Европа има само Албанија, каде овој број 1,2 , додека во Македонија пак, стапката е нешто поголема, со 3 доктори на 1000 жители, што исто така е под европскиот просек. Во моментов, за соседно Косово да ги исполни стандардите препорачани од СЗО, им недостасуваат околу 900 лекари. Бројка која не се очекува да ја остварат поради постојан одлив на медицински кадри.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста