Италијанските разузнавачи треба да ги споделат сознанијата за замрзнатите терористичките ќелии во Македонија

Италијанските разузнавачи треба да ги споделат сознанијата за замрзнатите терористичките ќелии во Македонија

Замрзнати ќелии на терористички организации постојат во Македонија  и доколку италијанските разузнавачките служби имаат дополнителни познавања, како што објави весникот „Ил темпо“ тогаш треба да ги споделат и со нашата земја. Универзитетскиот професор Злате Димовски за Алфа вели, дека во име на меѓународната соработка италијанските власти треба да ни посочат каде ги лоцирале таквите терористички групи, бидејќи Македонија ќе биде ставена во ќор сокак доколку се решат за делување.

  • Реално и објективно, од поодамна кажувам дека такви замрзнати ќелии постојат и кај нас, кои по различни основи или дошле во Македонија или се направени од наши граѓани. Класичен премиер беше кумановската група, која што ја детектираа и прв пат во Македонија имавме и самоубиствени елеци, што е нешто да речам, квалитет во самото терористичко делување. Така што, дали искрено ние сме загрозени, бидејќи теторизмот не може реално да се процени, доколку тие добијат некоја наредба да извршат нешто, ние би се нашле затекнати“ вели универзитетскиот професор Злате Димовски. 

Никаде нема апсултна безбедност од тероризам. Ниту една држава, ниту еден поединен, вклучително и во Македонија се изложени на евентуални терористички напади. Универзитетскиот професор, вели дека терористичките организации, си имаат одредена цел и доколку таа е на македонска територија или во наша близина, тие не бираат средства за реализиција.

  • Ниту една држава не е безбедна, ниту еден поединец не е безбеден. Зошто? Затоа што напоменав дека терористичките организации, се такви што едноставно си го кројат планот за целта, што сакаат да постигнат, начинот како тоа ќе го постигнат, и нормално средствата и методите како тоа ќе го делуваат. Ако евентуално таргетот нивни, е да се постигне некаква цел, на наша територија, или некаде блиску до нас, едноставно, тие тоа ќе го реализираат, затоа што дефинитивно се коспиративни, тајно го реализираат севкупниот план, имаат точно чекори каде да направат, имаат соодветна оператива“, вели професорот Димовски.

Во Македонија има и повратници кои служеле во паравоени и параполициски сили, иако тие поминале  низ сите протоколи и ги издржале казнените мерки, не се исклучува можноста за нивно повторно делување за што добро биле обучени од претходно, вели професорот. 

Министерот Спасовски пак уверува дека со тие лица службите работат соодветно за нивна ресоцијализација и спречува нови регрутирање во такви групи.

  • „Сите служби на МВР, заедно работиме на, не само ресоцијализација на тие луѓе кои што биле во воените жаришта, туку да немаме можност за радикализација на нови лица кои што може да бидат опфатени во групите “ рече Спасовски.

Дека на Балканот има 20 џихадистички ќелии, кои постојат две години, а по случувањата во Израел се со зголемена активност објави италијанскиот весник „Ил Темпо“ повикувајќи се на извори од тамошните разузнавачки служби. Повеќето вакви ќелии биле на косовска територија, во Албанија и Босна и Херцеговина, но постоеле и во Црна Гора, Србија и во Македонија.

Нарекувајќи ги „инкубатор на безбедносни закани“ за цела Европа, весникот пишува дека ќелиите бројат 500 повратници од ИСИС, од боиштата во Сирија и Ирак, но постојано се регрутираат нови, дури и меѓу мигрантите кои ја минуваат балканската рута кон Западна Европа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста