За француското МНР Османи е северно-македонски министер

Придавката „Македонски“ продолжува да исчезнува, а нејзниото место да го зазема „северно-македонски“. Се повеќе примери покажуваат дека уверувањата на властите, оти идентитеит е зачуван, а додавката „Северна“ се однесува само на името на државата, во пракса не функционира, затоа што за странците се почесто сме северно-македонци.
Последно во низата примери e француското министерство за надворешните работи, кое за средбата со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, информират дека разговарале со “Северно-Македонски„ министер за надворешни работи.

„Министерот за Европа и надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, денеска разговараше со својот северномакедонски колега Бујар Османи на маргините на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ што се одржа во Маракеш, за решавање на спорот помеѓу Бугарија и Македонија.“ – Пишува во соопштението на министерството за надворешни работи на Француската Република.

Намерна или ненамерна грешка која се однесува на македонскиот иденетите се случи и пред два дена во Скопје, кога австриски новинар го запраша министерот за надворешни работи – ако се вметнат Бугарите во Уставот, дали северномакедонската нација ќе биде посебна од бугарската. Овој пат Османи реагираше, правдајќи се дека станувало збор за грешка во преводот.

Преименувањето на македонците во „северномакедонци“, а македонскиот јазик во „северномакедонски“ од официјални лица и странски државни институции се случува се почесто по потпишување на договорот од Преспа.
Па така, по повод одбележувањето на 20 години од потпишувањето на Охридскиот договор, за поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, македонците станаа „северно-македонци“.

Не само идентитетот, и македонскиот јазик стана северно-македонски, и тоа, за државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, која е директно инволвирана во таканаречениот португалски предлог за решавање на спорот со Бугарија, кој македонскиот државен врв го промовира како идеално решение за одстранување на блокадата од Бугарија.

Се почестата уптреба на терминиот северномакедонски наместо македонски , дел од аналитичиратите го објаснуваат со тоа што Договорот од Преспа е билатерален, поради што, остатокот од светот,не е обврзан стриктно да се држи до точната употреба на придавката македонски, туку тоа е обврска само на Македонија и Грција.

Новинар: Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста