Зачестија блиските средби на САД и Кина во Индо – Пацификот

Најмалку два инциденти на блиски средби меѓу кинески и американски бродови и авиони за помалку од две недели, вклучително и овој кинески воен брод во неделата кој блиску му го пресече патот на американскиот разурнувач во Тајванскиот теснец.

Инцидентот се совпаѓа со трилатералните поморски вежби во Јужното Кинеско Море меѓу крајбрежната стража на САД, Јапонија и Филипините.

„САД први направија провокации, а кинеската страна само одговори со справување на инцидентот во согласност со релевантните закони и прописи“, рече Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Средбите меѓу кинеските и бродовите на другите земји, како што се Филипините, се зголемија во последниве години, заедно со воената активност на Пекинг во регионот.

Соединетите држави, исто така, применуваат поагресивен пристап, засилувајќи ги вежбите со сојузниците во регионот. Пекинг смета дека овие провокации, може да доведат до уште повеќе инциденти кои лесно може да прераснат во конфликт.

„Тоа е дел од новата и вознемирувачка норма, особено со оглед на фактот дека има ограничена комуникација меѓу претставниците на одбраната на високо ниво меѓу САД и Кина“, рече Зури Линецки, Евроазиска фондација.

Белата куќа негира дека е делумно виновна и вели дека се обидува да разговара со Пекинг.

„Работиме на ова многу, многу напорно и претседателот е уверен дека ќе можеме да се вратиме на духот на Бали ((каде Бајден и Шји се сретнаа последен пат)) помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави“, рече Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

На годишниот дијалог Шангри-ла во Сингапур минатата недела, Пекинг го одби барањето на Вашингтон за средба лице в лице помеѓу Секретарот за одбрана Лојд Остин и неговиот кинески колега Ли Шангфу, поради санкциите кои не се укинати од администрацијата.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се очекува да го посети Пекинг во следните недели, презакажувајќи го патувањето откажано во февруари поради тензиите околу кинескиот шпионски балон што леташе над Соединетите држави.

Јованчо Наумоски – Глас на Америка

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста