„Еволуцијата“ на ставовите на Стево Пендаровски

Влегувањето на Бугарите во уставот, инсистирањето на цврсти гаранции од Софија дека нема да има нови барања, преку ноќ станаа „шината на која мора да застанеме. Вака отприлика изгледа таканаречената еволуција на ставовите на македонскиот претседател за само половина година.

Тоа е мешање во внатрешните работи и точка, одговори претседателот на прашање во интервју на ТВ 24 во однос на вметнувањето на Бугарите во Уставот.

Вака размислуваше шефот на државата во јануари. Сличен ставов додржа и до пред два месеци кога сметаше дека мора да добиеме некакви гаранции од Бугарија и од Брисел дека прашањето за отворање на Уставот ќе биде последно барање на Софија и ова го гледаше како уцена.

–Ќе го смените Уставот ќе ги ставите внатре и тоа ќе биде за нас најголема гаранција дека вие сте сериозни во почитувањата на правата на Бугарите кои живеат кај вас. Јас мислам дека тоа е еден тип на уцена. Пред да почнеме да преговараме ти мене ме уценуваш. Ако ми велиш дај ми гаранција дека ти ќе го промениш Уставот до тој и тој датум. На ист начин ти ќе кажеш, ако ти го промениш Уставот до тој и тој датум, тогаш јас се обврзувам дека нема да барам ништо плус од ова во однос на ова прашање. Тоа се двојни гаранции, нагласи Пендаровски во телевизиско интервју за Канал 5.

Уцената и мешањето во внатрешните работи полека за претседателот на државата станаа „шината на која мора да останеме“, без да ги добие двојните гаранции кои ете цврсто ги бараше. Францускиот предлог, на кој Пендаровски лично му најде куп недостатоци, наеднаш стана прифатливо транзициско решение

Потполно се согласувам дека е преседан од невидени размери – сменете го Уставот па дојдете да разговараме. Инсистирам на таа теза , битно е да останеме на шина, на пруга да не речеме сега бираме друго, сега одиме сами , рече Пендаровски во интервју на ТВ 21.

Не е само првиот човек на државата, туку целиот државен врв од „Историското НЕ“  и од неподлегнување на уцени, после козметичките промени на предлогот ја сменија реториката и се на чекор до прифаќање на сите барања од нашиот источен сосед, кој сега ја има поддршката од Европа.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста