Дeтското ликовно студио од Битола во политички игри – непожелниот Врабевски стави рака и таму

Бугарија не застана со клубовите низ Македонија, влезе и во  Мал битолски Монмартр и во  Светската детска ликовна изложба во Битола. Главниот финансиер на бугарските клубови Милан Врабевски донирал 17.500 евра за двете манифестации, иако оваа година како што соопштија од Министерството за култура обезбедени се срества. 4000 евра дала државата и како што велат од Министерството ова е најголема сума досега доделена за овие манифестации, а дополнително одобрени се 5000 евра од Општина Битола.

Нејасно  е зошто раководството на детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола, ја прифатило донацијата од Врабевски иако имаат средства. Алфа се обиде да го исконтактира Неделковски. Ни кажа дека е на пат за Франција, но не ни одговори на прашањето.

Неодамна во опширно интервју, Неделковски раскажува како се запознал со Врабевски во 2022 година, кога тој им дал поддршка за време на настан во Софија. Убедене е дека Врабевски им  помагал без политичка позадина.

За бугарскиот клуб во Битола, раскажува дека апсолутно не му било грижа каков бил клубот, бидејќи бил отворен законски, а сега затворен според закон, и тоа не бил нивни проблем.

-Не е ментално добро да се туркаат вредностите на ЕУ за Европа без граници, а овде да се подигаат ѕидови меѓу два соседни и братски народи. Апсурдно е. Колку е апсурдно да не обележуваат како пробугарска организација. Сите проекти со Врабевски се меѓу организации од Бугарија и Македонија и бугарски и македонски ученици.
Ниту, пак, наша работа е да ги лекуваме националистичките политичари од двете страни на границата
, извадок од интервју на Славчо Неделковски.

На отварањето на  двата меѓународни детски настани освен фианнсиерот Врабевски го поканил и и европратеникот  Андреј Ковачев.

Пред 3 месеци Неделковски на фејсбук го обвини Министерството за образование зошто по повеќе под 30 години ја прекинало поддршката за оваа манифестација и најави нејзино оддржување со помош на донации. Но никаде не ги спомена средства опд министерството за култура.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста