Врховен ја потврди пресудата за „27-ми април“

Осудените за „27 април„ ќе продолжат да отслужуваат околу 200 години затворск казна и во очите на државата остануваат да бидат терористи. Врховниот суд им ги урна сите надежи за правда со одлуката дека нивните жалби и барања за повторно судење се неосновани.

  • „ Советот за казниви дела донесе пресуда со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот Кривичен суд Скопје и на пресудата на Апелациониот суд Скопје, ги одби како неосновани“, велат од Врховен суд.

Со ова се исцрпија сите законски можности за ново судење, па осудените ќе останат во затвор до издржување на казните, ако во меѓувреме не биде донесен нов закон за амнестија. Таков обид веќе имаше, поддршка даде само опозицијата, а владејачкото мнозинство гласаше против.

Но, исцрпувањето на сите домашни лекови, значи дека осудените сега можат и да поднесат жалби во Судот за човекови права во Стразбур.

Инаку, околу 20-тина луѓе пред 3 и пол години беа осудени за тероризам, односно за терористичко загрозување на уставниот поред. Тогаш беа осудени на вкупна казна од 211 години затвор. Пред повеќе од една година жалбите и барањата за ново судење им ги одби Апелација, но им ги намали минимално казните за по една до две години. Па така од вкупно 211 години колку што пресуди скопскиот Кривичен, Аплелација намали на 188 години.

Но, сепак одбраната е на ставот дека тие не сакаат да избегнат казна, туку напротив, да бидат судени за она што навистина го сториле, а тоа според нив не е загрозување на уставниот поредок. За многумина, овие луѓе претставуваа политички затвореници.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста