Синдикатите и Министерството за култура со различни концепти за порастот на платите во културата

Синдикатите и Министерството за култура со различни концепти за порастот на платите во културата

Расте револтот кај културните работници. Повторно молат за повисоки плати и си го бараат она што законски им следува, согласно колективните договори. Синдикалците од култура се жалат дека се под притисок од страна на министерката Бисера Костадиновска со тоа што на сила им се даваат изготвени поединечни решенија со кои им се регулира правото на покачување на плата спротивно на нивната волја. Вработените бараат 10% повисока плата не само во следните шест месеци како што им се ветува, туку тоа да продолжи откако ќе се покачи и минмалната плата во Македонија од март 2024.

Културата е дел од јавниот сектор, и одредбите од ОКД важат подеднакво и за сите истанати дејствија од јавниот сектор. Временото ограничување на правото од 10% покачување до февруари 2024 година ќе ја издвои културата од другите дејности, како посебна дејност на која овие 10 % според Министерството за финансии и се многу и на онака нивните енормни плати. До сега откако е потпишан колективниот договор за култура ниту едно покачување на платата на вработените не поминало без турбуленции и удари по вработените во културата. изјави Вера Атанасовска, претседателка на СКРМ.

Од СОНК се децидни дека членството нема да се откаже од барањата. И апелираат вработените да не стваат потпис на никакви решенија кои ќе им бидат доставени.

“Сега се прави обид преку директорите преку издавање на нови решенија и преку притисок врз вработените да се потпишат тие решенија каде што содржината на тие решенија е соодветна на оној анекс кој што беше отфрлен, на тој начин се врши жесток притисок врз нашето члентво што не води кон принципите на добар социјален дијалог кој што сме го имале.Апелирам било какви решенија да се потпишуваат кои се спротивни на интересите и би апелирал се додека заеднички не се договориме со МК како да се надмине проблемот,мислам дека нема да биде добро ” вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Од Министерството за култура уверуваат дека вработените нема да бидат изиграни.

Ги уверуваме синдикатите и вработените во културата дека не постои причина за недоверба за, како што велат тие, „злоупотреба на Заклучокот на Влада за доследна примена на Општиот колективен договор, пробувајќи преку наводно постапување по истиот да ја ограничи основната бруто плата на вработените во културата и да не дозволи раст предвиден со Колективните договори“ велат од Министерството за култура.

Инаку, синдикалците од култура се заканија со радикални чекори доколку не се најде заеднички договор со министерството за култура.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )