Во Штип одбележани 80 години од депортацијата на македонските Евреи

И по осумдесет години зборовите на мојата мајка се уште ги слушам, со растреперен глас раскажува Шела Сион-Алтреаз. Таа и нејзината сестра се единствените Евреи од Штип, кои успеале да ја преживеат депортацијата во ноќта помеѓу 10 и 11март 1943година и да се спасат од ужасите во Треблинка. Таа допатува од Израел за повторно да ја види куќата во која е родена.

  • „Беше во зори. Дојде мајка ми да ме разбуди, јас не сакав да станам, ми се спиеше, имав само 8години. Но ми рече дека мора брзо да станам и да се облечам. Се симнав. Иако бев мала, разбрав што се случува„ – вели Шела Сион Алтреаз, единствената Еврејка што успеала да се спаси од депортацијата во 1943година.

Историјата ниту може да се промени, ниту да се избрише, порача преседателот на македонската Еврејска заедница, откако беше запрашан како го коментира фактот што бугарската држава не презема одговорност во депортацијата на Евреите во Втората светска војна.

  • „Дали некој се чувствува виновен или не тоа е во неговиот генетски код, но историјата е таква каква што е, никој не може да ја промени, ниту да ја избрише. Денеска сите народии на Балканот треба да живеат во мир и слога и мислам дека е голема грешка неовозможување , ставање вета и слични работи за влез на Македонија во Европската Унија„ – рече Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во Македонија.

Ноќта помеѓу 10 и 11март 1943, од Штип беа депортирани 541 Евреин. Денеска нема ниту едно еврејско семејство, но со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Евреите и марш на живите штипјани им одадоа почит на своите поранешни сограѓани.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста