Во штипската болница нема доволно кадар

Клиничката болница во Штип, останува брз персонал. Отварањето на новата специјализирана болница во градот е причина само последниот месец групно  си заминат петнаесетина специјалисти, доктори и медицински сестри Најкритично е на одделите за анестезиологија, очно и ортопедија.

Со оваа група штто замина и со пензионирање на медицински сестри и лекари од повеќе профили, сериозно се наруши бројката на вработени во Клиничка болница Штип, изјави Ален Георгијев, директор на Клиничка болница, Штип

 Само во изминатите две и пол години од болницата си заминаа 70 здравствени работници. За истиот тој период нема нови вработувања.  Сериозниот недостаток од високостручен кадар кои не може да се надополни преку ноќ, на тест ја става работата на единствената Клиничка болница во регионот. 

„Факт е дека онаму кадешто имаме помалку кадар се преоптеретени и јасно е дека, кога имате помалку кадар дека може да се случи да се пружи и малку послаба квалитетна здравствена заштита рече на денешната прес конференција Ален Георгијев, директор на КБ-Штип.

За да се стабилизира состојбата со кадар од Министерството за здравство е побарано педесет вработувања на лекари, медицински сестри и друг персонал. 

Александра Ристоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста