„Во Фокус“ на Алфа: На што се должат поплаките на наводна дискриминација на македонски Бугари?

На македонските Бугари до пред некоја година се им беше потаман, за по некој период по потпишувањето на договорот со Бугарија сега се нешто да не им чини, обвинуваат на наводна дискриминација, немања на права, во во суштина тоа воопшто не е така.

Прашањето е која е причината за наглиот наплив на жалења на Македонците со бугарска самосвест, само во одредени временски периоди, адвокатот, но и голем познавач на оваа тематика Тони Менкиновски вели дека тоа е стратегија смислена од Софија.

  • Која е причината и зошто се појавува ваквиот можам да речам не само садистички туку и хистеричен наплив на барања од страна на македонските кои се сметаат за бугари е од причина што, македонците во Р.Бугарија имаат извојувано многу големи победи и сега моментално во меѓународните институции и македонците од Р.Бугарија имаат извршено огромен притисок врз бугарската држава, како што сум кажал многу пати па и сега, во извештаите на Томас Хамаберг и на Дуња Мијатовиќ комесари за човекови права во Советот на Европа јасно е наведено дека Бугарија е таа која треба да го смени Уставот, а не Македонија“ вели адвокатот Тони Менкиновски.

Менкиновски потенцира дека ова е само дел од вековната игра на Бугарија во односите кон Македонија, дека ништо од ова не е случајно и не е од вчера.

  • Да заклучиме, изборот или центарот е Софија и ова е некоја нивна стратегија која не е непозната за нас Македонците, врховизмот во Македонија и  ваквиот начин на однесување од страна на Бугарија не е нешто ново, значи целта им е едноставно да прикажат дека во Македонија Бугарите ги немаат правата и да направат некоја паралелна слика дека поради таа причина тие не ги признаваат македонците во Бугарија“ вели Менкиновски.

Дека секојдневните жалења на Македонците со бугарска самосвест не држат вода, потврдува и адвокатот кој вели дека во Македонија сите малцинства ги уживаат своите права, а македонските Бугари од секој пат и во време на социјализмот биле еднакво третирани.

  • Мора да потенцираме дека сите малцинства во Македонија ги уживаат сите оние права кои се загарантирани со меѓународното право вклучителоно и македонците кои се изјаснуваат дека имаат бугарски корени, таа заедница мислам дека е многу мала во Македонија дури и минорна, но како и да е, колкава и да е тие ги уживаат сите тие права. Не само сега во периодот на демократијата туку и во периодот на социјализмот и тоталитаризмот до пред 91 година, тие колку што јас се сеќавам имаа емисија на радио и сите оние права, малцински права тие ги уживаат во РМ“ вели Менкиновски.

И комисијата за заштита од дискирминација го потврдува она што го велат експертите, дискиминација на Бугари во Македонија нема, но бројот на претставки кој е доставен до Комисијата, од број во мирување, баш кога почнаа гласноговониците на наводните обесправени македонски бугари да се жалат, сразмерно се зголеми. Сепак, досега имало само 37 претставки, а од нив само кај 3 е утврден некој вид на нетолеранција.

Мора да потенцираме дека сите малцинства во Македонија ги уживаат сите оние права кои се загарантирани со меѓународното право вклучителоно и македонците кои се изјаснуваат дека имаат бугарски корени, таа заедница мислам дека е многу мала во Македонија дури и минорна, но како и да е, колкава и да е тие ги уживаат сите тие права. Не само сега во периодот на демократијата туку и во периодот на социјализмот и тоталитаризмот до пред 91 година, тие колку што јас се сеќавам имаа емисија на радио и сите оние права, малцински права тие ги уживаат во РМ.

Која е причината и зошто се појавува ваквиот можам да речам не само садистички туку и хистеричен наплив на барања од страна на македонските кои се сметаат за бугари е од причина што, македонците во Р.Бугарија имаат извојувано многу големи победи и сега моментално во меѓународните институции и македонците од Р.Бугарија имаат извршено огромен притисок врз бугарската држава, како што сум кажал многу пати па и сега, во извештаите на …. и на …. комесари за човекови права во Советот на Европа јасно е наведено дека Бугарија е таа која треба да го смени Уставот, а не Македонија.

Да заклучиме , изборот или центарот е Софија и ова е некоја нивна стратегија која не е непозната за нас македонците, врховизмот во Македонија и  ваквиот начин на однесување од страна на Бугарија не е нешто ново, значи целта им е едноставно да прикажат дека во Р.Македонија бугарите ги немаат правата и да направат некоја паралелна слика дека поради таа причина тие не ги признаваат македонците во Бугарија.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста