„Во фокус“ – Дијаспората не може да се помири со промената на уставното име

„Обединетата македонска дијаспора“ преку свои врвни интернационални адвокати многу пати се обидувала да ги премисли македонските власти да не го потпишат Преспанскиот договор со кој се промени Уставното име но политичките челници никогаш не ги прифатиле нивните сугестии – вели првиот човек на ОМД Гордан Јорданов. Советите од Организацијата која беше една од најгласните уште пред потпишувањето на договорот, и која организираше протести низ многу земји каде има Македонци сепак не ги натераа властите да најдат за сходно барем еднаш да седнат на иста маса и да разговараат за националните интереси како на резидентното население така и на иселениците.

ОМД секогаш била против Преспанскиот договор, знаејќи ги сите последици кои ги согледуваме после потпишувањето. Пред формирањето на таквата спогодба, ОМД повеќе пати се обидуваше да помогне макј власти преку консултации  со врвни интернационални адвокати, советување со ОН, формирање на конференции, отворено зборвање на сите тие проблематики но за  жал мак власти не го увидоа и не го искористија тоа“ – рече Горедан Јорданов, Обединета македонска дијаспора.

Од ОМД велат дека како организација, нивната цел и понатаму е да биде зачуван македонскиот интегритет, земајќи ја предвид моменталната ситуација кога Македонија и по големиот пораз со Преспанскиот договор, трпи понижувања а сега од бугарска страна. ОМД не е против Македонија да стане членка на ЕУ, но само под услов, да се зачува сувереноста а националните интереси никогаш да не бидат злоупотребени.

Четири години по потпишувањето на Договорот од Нивици, македонските активисти во Америка, Австралија но и други, европски земји, не се помириле со фактот дека е променето Уставното име на Македонија. Протести пред потпишувањето имаше во Мелбурн, Австралија, во повеќе земји од Соединетите американски држави, во Германија, Швајцарија.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста