Бугарите биле дискриминари во Македонија: Официјална Софија загрижена за судбината на „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“

Дискриминација кон Бугарите била забраната културни клубови да именуваат по докажани соработници на фашистичскиот режим, па поради тоа постоела сериозна загриженост кај Министерството за надворешни работи на Бугарија. Според нив станувало збор за еднострано толкување на историските факти, а целта била дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија.

-Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува силна загриженост поради измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии изгласани на 2 ноември во Собранието на Република Северна Македонија. Постои сериозна загриженост дека тие имаат за цел дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија, за што повод е еднострано толкување на историските факти, велат од бугарското МНР.

Оваа реакција доаѓа во моментите во посета Битола е заменичката на бугарскиот претседател Румен Радев, Илијана Јотова и тоа на денот на ослободувањето на градот од фашистичката бугарско- германска окупација.

Инаку, според едногласно изгласаниот закон, ќе се регулира именувањето на здруженија по спорни историски имиња, како што е Ванчо Михајлов, Цар Борис и најавениот клуб во Богданци Цар Фердинанд, чие име доби негативна оценка од советодавно тело за употреба на имиња на историски личности. Сепак оваа забрана како да не важи за луѓето од Македонија кои тврдат дека имаат бугарска самосвест. Тие најавија дека ќе сторат се што е во нивна моќ овој клуб да биде отворен.

-Ние името не планираме да го смениме, ќе ги искористиме сите правни средства кои ни стојат на располавање во државата Македонија. Ќе ги испцрпиме сите правни механизми кои ни стојат на располавање. Ќе ги искористиме сите судски инстанци и потоа се знае ќе одиме во Европскиот суд во Стразбур, ако бидеме одбиени тука, изјави Марјан Николовски, потпретседател на здружението „Цар Фердинанд“.

И покрај негативната оценка од телото за употреба на имиња на историски личности, останува енигма дали сепак отворањето на ова здружение ќе биде забрането, финалната одлука е во рацете на Централниот регистар.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста