Божиновски: Доколку се изборите заедно, ќе се заштедат народни пари, и ќе се обезбеди сигурен консензус за вториот круг за избор на претседател

Божиновски: Доколку се изборите заедно, ќе се заштедат народни пари, и ќе се обезбеди сигурен консензус за вториот круг за избор на претседател

Стравот од пораз, силниот пад на рејтингот на СДСМ, како и желбата да купат некој месец плус на власт, се причините зошто се инсистира претседателските и парламентарните избори да бидат одвоени. Нивната желба и амбиција за ден плус во влаадејачките фотељи ќе ги чинат граѓаните милиони евра, кои во период на беспарица и тоа како можат да помогнат во барем дел од секојдневието на народот.

Според дел од аналитичарите, понудата на Мицкоски за лидерска средба е и повеќе од неопходна, ем заради критичната состојба во која се наоѓа Македонија, но и заради праксата која години наназад се почитува. Ковачевски децидно ја одби лидерската средба, нагласувајќи дека единствено е можно да има лидерска ако е таа само и само за уставните измени.

Божиновски за Алфа вели Ковачевски и Мицкоски да седнат на заедничка маса за да се разговара освен датумот на избори и за ветувањата на владејачката СДСМ кон помалите политички партии за една изборна единица.

  • Што доколку изборите се посебно, а во вториот круг на претседателските избори не успееме да го достигнеме цензусот, за што сме имале проблем сите изминати циклуси. Догаш директно влегуваме во една сериозна политичка криза. Доколку се изборите заедно, прво ќе се заштедат сериозни пари, а второ ќе се обезбеди сигурен цензус за вториот круг претседателски изброри. Тоа се работи за кои ќе треба да се разговарта, тука се  и измените на изборниот законик, бидејќи токму СДСМ беше таа што им ветуваше на помалите политички партии дека ќе има една изборна единица, досега не видовме нешто такво, така што ќе треба и околу тоа да се разговара“ вели Божиновски, универзитетски професор.

Опозицијата бара и претседателските и парламентарните избори да се бидат истровремено, но власта инститира на одвоени процеси иако се со временска разлика од не цели два месеци. Аналитичарите во тоа гледаат замисла на владејачкото мнозинство да добие на рејтинг и гласови доколку опозицијата гласа за уставните измени, но планот е безуспешен бидејќи дека нема никакви најави тоа да се случи.

  • Мислам дека идејата на власта, пред се на СДСМ,  е да ја принуди ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени, беше т.е., потоа да има претседателски избори каде они би оделе со заеднички кандидат, па поради прифаќањето на уставните измени од ВМРО-ДПМНЕ би ја намалила поддршката на оваа партија, па они би добиле можност да победат, па со тоа би направиле еден „буст“ на парламентарните избори би добиле предност. Но овој план не им оди очигледно… “ вели Божиновски – универзитетски професор.

Законските норми предвидуваат избор на нов претседател во последните 60 дена од истекот на стариот мандат, а новиот состав на Парламентот се бира на 90 дена пред истекот на постојниот.

Последен термин за вториот круг од претседателските избори е 5 мај идната година, кога православните христијани го слават Велигден.

Последниот ден за распуштање на Собранието е 7 април кога треба да започне за функционира техничка влада која ги треба и да ги спроведе изборите.

Па според пресметките за рокови, меѓу двата изборни циклуси има само 2 месеци, па практично, нема никаква пречка изборните процеси да бидат споени, што е најлогично и економично за опозицијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )