Александар Пaндов: СДСМ, ДУИ и Пендаровски се виновниците за 37% недоверба кај народот во политичарите – се утепаа од лажење!

„Довербата ќе ја вратиме  со чесна работа и со максимално вложување  на политичарите. Ако она што го говорат политичарите тоа и го прават. СДСМ и ДУИ е на власт и се утепаа од лажење, се излезе наопачки, ниеден од нив, нивните пропагандисти не промашуваат прилика и сакаат да се прикажуваат, сите ние сме исти. Не, не сме исти. Видете го Пендаровски пред три дена вели јас нема да ги потпишам законите, ги изгласија ДУИ и СДСМ, Пендаровски како попче ги потпишува.

После за францускиот предглог рече дека е катастрофален, не ми се допаѓа., за после недела дена да го потпише. Како луѓето да имаат доверба?

Јас искрено верувам и се надевам после промената  на власт ВМРО ДПМНЕ ќе покаже како може и како треба да се раководи со државата. Политичарот е слуга на народорт, 82 % од македонскиот народ не сака под овие услови Бугарите да се внесени во Уставот, Ковачевски и Пендаровски тоа го множат со нула. Нормално е да се револтирани, нормално е да има апатија. ЈАс сум на терен со народот, луѓето се многу разочарани, цели фамилии се иселуваат не само младите“, рече Александар Пандов член на извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ во емисијата на Алфа, „За или против“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста