Мицковски бара избори во мај за граѓаните да изберат влада која ќе ги решава проблемите

На Македонија и треба власт која е способна да решава проблеми и предизвици а не влада на чие чело стои премиер кој е избран од страна на малкумина, предупредува лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Претседателот на најголемата опозициска партија е сигурен дека граѓаните ќе и дадат огромна поддршка на неговата партија на изборите кои смета дека треба да се одржат на пролет, или во текот на мај. Денеска од Неготино, испрати порака до власта да не бега од избори туку да остави народот да одлучи кој ќе ја води државата во овиер кризни времиња:

  • „Ги поздравувам сигналите кои што доаѓаат од дел од пратениците на СДСМ и ДУИ, дека навистина треба да дојде крајот и да заврши оваа Влада и дека треба да дојде Влада која што ќе ја избере народот, која што ќе има капацитет да се справи со овие предизвици и да реализира што е можно повеќе на вакви капитални инвестиции. Се надевам дека нема да бидат применети методите познати и видени во минатото на оваа Влада на ДУИ, поддржана од СДСМ, на притисок врз тие пратеници, ќе ги остават тие пратеници, како што даваат сега позитивни сигнали да продолжат да функционираат во рамките на парламентот се до изгласување на распуштање на истиот и организирање на предвремени парламентарни избори.“ – Изјави Мицковски.

Мицкоски веќе предупреди дека социјалдемократите се заложници на ДУИ и доколку не смогнат сили за избори, партијата ќе се фрагментира, а нивните гласачи ќе се прелеат во други политички субјекти. За наводите околу најавениот пуч во владеачката СДСМ и планот за предвремени избори и широка коалција кои неодамна се појавија во јавноста, Мицковски вели дека принципите не му дозволуваат да коментира внатрепартиски случувања.

  • „Имам еден принцип, кој што го задржувам секогаш во начинот на моето политичко функционирање, а тоа е дека не треба да им го правиш на луѓето тоа што не сакаш тебе да ти го прават. Така што, тоа си е нивна автономна работа, исто како што гледаме и во некои други политички партии. Она кое што мене ме интересира како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е конечно да има предвремени парламентарни избори, за да може на Македонија да и тргне напред, да им тргне на граѓаните на Македонија напред и добијат Влада која што ќе ја изберат, а не премиер кој што ќе го постават неколкумина, кои што така решиле да биде.“ – Истакна Мицковски.

Од Владата официјално засега велат дека не размислуваат за предизборно соочување пред редовниот термин, на крајот на 2024 година. Премиерот Димитар Ковачевски зборува дека годинава ќе била во знакот на големи случувања во парламентот каде треба да поминат и уставните измени кои предвидуваат внесување на бугарите во мкедонскиот устав. Сепак во јавноста веќе кружат информации за поделеност во редовите на владејачката коалиција околу целиот процес за кој нема доволна поддршка. Јавна тајна е дека пратеници од СДСМ се против уставните измени во ваква форма. Конечната одлука за предвремените избори се очекува да падне во текот на месецов. За да се случат во мај како што бара ВМРО-ДПМНЕ потребно е веќе во февруари да се формира и техничката влада која ќе работи на подготвока на изборниот процес.

Никола Цветкоски

Advertisements