Власта ја погази собраниската Резолуција за црвените линии на Македонија


Deprecated: Implicit conversion from float 1714281531.577109 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

68 пратеници ја погазија волјата на народот но и сопствената резолуција која едногласно ја донесоа пред само една година. Обврзувачкиот документ кој беше донесен на предлог на ВМРО-ДПМНЕ ги исцрта црвените линии за бугарскиот спор кои не смееја да бидат поминати.

Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ…

Во неа стои и дека Владата и сите државни органи мора безрезервно да ги почитуваат сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.

Во делот за јазикот и идентитетот пишува дека се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика и историографија.

Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет, македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулираната свест за етнокултурната посебност…

Документот наречен „Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции“ ја обврза Владата и државните органи на безусловно почитување на слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност, како и почитување на меѓународните конвенции и повелби за човековото право на самоопределување.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174