Малцинствата ја погазуваат волјата на мнозинството – загрозена уставната еднаквост на граѓаните

Повеќето народни избраници што гласаа ЗА францускиот предлог не се  Македонци.

Увидот во листингот од гласањето покажува дека од оние што дадоа поддршка за францускиот предлог, само 32 се Македонци, 30 се Албанци, 2 се Турци, 2 Срби, 2 Бошњаци, 1 пратеник Ром и 1 пратеник Влав.

Ова значи дека мнозинството пратеници Македонци не дале поддршка, од 80, ЗА се изјасниле само 32.

За ова се огласи и поранешниот пратеник Илија Димовски кој на својот Фејсбук профил вели дека на овој начин е загрозена уставната еднаквост на граѓаните.

Македонците во Македонија немаат право да одлучуваат за себе и да ги заштитат своите културни, јазични, образовни, историски и идентитетски карактеристики како што другите имаат право. Ваквото уредување ќе мора да се смени и граѓаните ќе мора да се стават во еднаква позиција и со еднакви права без разлика на нивната етничка припадност.

Коментари стигнуваат и од независните експерти кои реагираат на ваквото гласање.

Мнозинството во македонскиот парламент ги надгласа пратениците етнички Македонци за францускиот предлог, кој ги наметнува идентитетските прашања што ги бара Бугарија. Опасен преседан, поддржан од Европската Унија, веќе ги доведува во прашање темелите на македонскиот уставен систем и поттикнува долгорочна криза, напиша Малинка Ристевска-Јорданова – Поранешната директорка и актуелен член на ЕПИ

ЗА францускиот предлог гласаа сите пратеници на СДСМ, освен еден – Диме Велковски, двајцата пратеници на ЛДП, додека Павле Трајанов од Демократски Сојуз и Маја Морачанин од ДОМ иако се дел од владината коалиција не дадоа поддршка.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста