Суспендирани полицајци зашто одбиле да работат прекувремено

Осум полицајци и еден инспектор биле суспендирани зашто одбиле да се вратат на работа откако им завршила смената од 12 часа. Тие на 22 јуни биле ангажирани за обезбедување на протестите, а откако се раздолжиле во станицата Карпош, по 20 минути надрединте им се јавиле и им рекле дека мора да се вратат, шестмина од нив го направиле тоа по еден час, а двајца воопшто не. Сепак, сите се суспендирани, велат од Независниот синдикат на полицијата од каде стравуваат дека ова е само прв чекор и дека веројатно ќе следува и нивно бркање од работа.

9 припадници на полицијата од полициска станица Карпош експресно беа суспендирани, добија суспензија односно решение за суспендирање. Тие биле на редовна работа од 07:00 до 19:00 часот. Во 19ч доаѓаат во станица Карпош после завршување на работното време оставаат опрема, си заминуваат дома, им текнало на тие што им се јавувале, заборавивме да ви кажеме вие ќе треба да го продолжите вашето работно време и после работното време кое им завршило, изјави Гоце Делчев Тодев, претседател на независен синдикат на полиција

Од Сидникатот велат дека ова е прекршување на работничките права и тортура, зашто и полицајците имаат право на одмор. Велат дека ќе ги употребат сите капацитети за правно да ги одбранат колегите.

Лично ќе бидат гонети, од командири, началници, и од самото министерство. Секој можен начин и се што имаме, сите капацитети како независен синдикат ќе ги вратиме и сум убеден дека тие ќе се вратат на работа, изјави Гоце Делчев Тодев, претседател на независен синдикат на полиција

Алфа побара став од МВР – зошто се суспендирани полицајците, на кој начин се прават распоредите за работа, дали при тоа се зема предвид и законското право за соодветен одмор помеѓу смените. Засега нема одговор.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста