Заев жали поради реакциите на јавноста, не поради интервјуто: Фашистички изблици имавме и кај наши сограѓани

Бугарија не е фашизам, Бугарија е нашиот пријател. Имало некој пат некоја администрација во тој момент на почетокот, порача Заев во интервјуто за Бгнес.

Премиерот Зоран Заев жалел, но не поради овие зборови, туку поради негативните реакции во јавноста. Останува на ставот дека Бугарија не била фашистички окупатор во Македонија, туку била администратор, кој подоцна се приклучил во антифашистичката борба. Сепак, историските факти говорат дека во Македонија, има голем број жртви токму од тогаш фашистичката Бугарија, а меѓу нив и 12-тима момчиња од селото Ваташа на возраст од 15 до 28 години, еден од најцрните мигови во македонската историја.

Според Заев тие биле убиени од фашистите, но не бугарски, велејќи дека и меѓу Македонците имало луѓе со како што вели премиерот фашистички изблици.

-(ПРАШАЊЕ: Премиере, ќе ве потсетам на масакрот кај Ваташа, кај што беа убиени 12 македонски млади момичиња, според вас кој ги убил тие момчиња бугарскиот фашистички окупатор или бугарскиот администратор и пријател?) Фашистичкиот окупатор, како што имавме и фашистички изблици дури и на наши сограѓани, со предавства на македонски револуционери, македонски партизани и македонски херои. Фашизмот нема етничка боја, изјави Заев.

Скандалозното интервју на Заев доаѓа по бугарската блокада за стартот на преговорите на Македонија со Европската унија. И покрај кажаното за Бгнес, Заев не е сигурен дека тоа може да помогне за Бугарија да дозволи прва меѓувладина конференција.

-Дали ќе помогне интервјуто, не знам дали ќе помогне. Сакам да му помогнам на мојот македонски народ, за да има други погледи на светот. Сакам да бидам одговорен политичар кој не калкулира со својата политичка кариера, туку отвора перспективи за својот народ и за својата земја. Тоа е европско лидерство тоа е одговорноста на политичарите кои добиваат чест да носат одлуки и да водат напред, изјави Заев.

Заев дообјасни и околу изјавата за менувањето на таблите каде пишувало бугарски фашистички окупатор, вели промената била само во тоа што бил тргнат зборот бугарски, а останале зборовите фашистички окупатор.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста