Заев: На 15 јули гласајте за Коалицијата „Можеме“ и бројот 3, за да продолжиме по единствениот пат кој гарантира сигурна иднина

По синоќешниот дуел на Телевизија 24, лидерите на најголемите политички партии од македонскиот блок имаа кратки обраќања до гласачите. Во своето обраќање лидерот на СДСМ го порача следново:

„Докажавме дека можеме да ги решиме големите прашања за државата. Докажавме дека можеме да бидеме земја-членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ. Докажавме дека можеме да ја кренеме економијата и од -1,8% да имаме раст од 3,6%. Докажавме дека има пари за повисоки плати и пензии.

На 15 јули гласајте за Коалицијата #Можеме и бројот 3, за да продолжиме по единствениот пат кој гарантира сигурна иднина.“

 

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/1619759444839903/

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста