Зa Стефоска не е спорно фискултурецот Бубев да биде на чело на струмичкиот театар

Новоименуваниот директор на Центарот за култура Васил Бубев понудил најдобра програма и само тој формално-правно ги исполнувал условите од огласот, ваков одговор од  ресорната министерка добија струмичките актери на прашањето,  како е можно со театар и дом на култура да менаџира професор по физичка култура. На денешната средба за која иницијатор беше Иницијативата  „Фискултура или култура„ министерката не понудила конкретно решение за надминување на проблемот.

   -Крајното решение е дека до понеделник, министерката ќе се обиде да го најде најадекватното решение за нашиот проблем . Сега како тоа ќе се случи, не знам не сум правник. Од министерство добивме информации дека двата кандидати не се повикани на интервју, поради тоа што едниот кандидат немал доказ дека е културен или општествен работник, а другиот не доставил сертификат за познавање на англиски јазик- изјави Ване Василев-актер.

Актерите побараа да извршат увид во Програмата и  во документите од пријавата  на ново назначениот директор…

 Се сомневаат дека во програмата има нереални проекти.  Откако фискултурецот успеа да  елиминира актерка со 30 годишно искуство и културен менаџер со мастер студии на Катедрата на Унеско струмичките актери покренаа  петиција што беше поддржана од 260 културни работници од целата држава. Со ова од министерката побараа да стави крај на партиските вработувања и притисоци во културните институции.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста