Во Македонија воздухот повторно загаден

Откако малку здивнавме поради ветерот кој проструи.. мерните станици повторно се вратија во црвено, а скопјани и ова утро дишеа отровен воздух.

Мерните станиците повторно евидентираа голема концентрација на ПМ-10 честички во воздухот, синоќа најзагадено беше во скопската населба Лисиче каде беа измерени 143 микрограми на кубен метар.

Итните мерки на властите за справување со аерозагадувањето никако да станат приоритет.. Скопје утрово се најде и во првите 20 најзагадени градови во светот.

Според резултатите на светската страница која ја мери загаденоста на воздухот „Аирвижн“ Македонија се наоѓа на 16-тото место според загаденоста на воздухот.

Во јавноста пак, деновиве излегоа слики во кои се гледа како се издигаат црни облаци над Скопје сред бел ден.. и тоа над Кале и Чаир.. граѓаните алармираат дека тоа е еколошка катастрофа и прашуваат „Зошто никој од надлежните не превзема ништо“?

Исто така загадени се и другите градови во Македонија, а најкритично е во Кичево, Тетово, Гостивар и Битола.

Од утре се најавуваат минусни температури, а речиси е правило дека со нив следи и екстремно загаден воздух, па на граѓаните им преостанува да се надеваат дека надлежните конечно ќе ги преземат.најавените итни мерки.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста