Трамп: Се уште ги разгледуваме опциите за одговор, ќе ги засилиме санкциите кон Иран веднаш

САД се уште ги разгледува опциите за одговор на синоќешните ирански напади врз американските бази во Ирак. Се уште ги разгледуваме начините за одговор на нападите. Во исто време ќе ги засилиме санкциите кон режимот во Техеран – порача американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето до американската нација.  Истакна дека нема да дозволи Иран да има нуклеарно оружје и најави дека ќе побара поголемо вклучување на НАТО во ситуацијата на Блискиот исток.

Трамп рече дека ниту еден Американец не загинал во иранските напади, сите војници се безбедни а направена е само мало штета на базата во која се наоѓале. Не загинале ниту ирачки војници бидејќи против воздушната одбрана си ја завршила својата работа.

Иран е главен спонзор на тероризмот и нивната желба да имаат нуклеарно оружје нема да биде дозволена. Ние го елиминиравме првиот светски терорист генералот Касим Сулејмани. Тој е виновен за напади во кои загинале или се повредени Американски граѓани. Го запревме додека планираше нови напади врз нашите сили – рече Трамп.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста