„Во Фокус“: Нов Клинички центар и по седум години власт на СДСМ и ДУИ останува само сон

„Во Фокус“: Нов Клинички центар и по седум години власт на СДСМ и ДУИ останува само сон

„Нашиот став како Влада и како Министерство за здравство сакаме да вложиме повеќе со наши пари.Еднаш за 40-50 години да направиме асален Клинички центар“, кажа поранешниот министер за здравство Арбен Таравари.

„Ќе се гордееме со новиот најсовремен Клинички центар во регионот на Западне Балканизјави поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

„Таа клиника споена во една градба би придонела во забрзување односно навремено дијагностицирање и третман на пациенти“ рече Беким Сали.

“Да направиме нов Клинички центар.Локацијата на клинички засега останува истата има заинтересирани страни многу…” изјави Фатмир Меџити, екс министер за здравство.

Четири министри, 6 локации во игра и 6 фирми изведувачи, седум изгубени години…Наместо нов Клинички центар, власта на СДСМ и ДУИ ја остави Македонија во здравствен хаос, но и со обврска за да плаќа пенали за она што требаше само да го спроведе. СДСМ и ДУИ дојдоа на власт со веќе почнат и потпишан проект за нов клинички од страна на ВМРО ДПМНЕ со италијанска компанија на постојната локација за околу 80 милиони евра.  

Но наместо да го изгради, власта побрза да го раскине договорот и да влезе во операција за изградба на целосно нов клинички центар на друга локација кој би чинел половина лилијарда евра. Засега од сите најави и ветувања резултатот е еден – 8.5 милиони евра кои треба да и се платат на италјанската компанија зашто Венко Филипче го раскина договорот потпишан од неговиот претходник Никола Тодоров.

Одговорност за ненаправеното и направеното, нема. Го нема ниту клиничкиот центар, а секој министер дојде со нова идеја тврдејќи дека е подобра од претходната

Многу министри и предизборни ветувања, физибилити студии, па дури и сечење црвени ленти, но изградбата на нов клинички центар не е ниту на повидок. Капиталниот проект кој што се најавува години наназад останува само на хартија.

Доаѓањето на власта на СДСМ и ДУИ донесе низа проекти и идеи за локациите на кои ќе треба да никне новиот Клинички центар. Петровец, касарната Илинден, Бардовци и Ѓорче Петров, но и ден денес нема конечна одлука.

Наместо нов клинички центар или барем физичко поврзување на клиниките во постојниот, со топли ходници, граѓаните добија ветувања за административно спојување на универзитетските клиники – ова беше ветено од Фатмир Меџити.

Тоа значи дека пациентите се “осудени” да се лекуваат во стари болници и да лутаат низ здравствените лавиринти, по дожд, снег и сонце.

Но, и ова остана ветено, неостварено. Клиниките останаа раздалени, и административно и физички, а изминативе години во нив не е инвестирано речиси ништо.

Идејата за спојување на Клиничкиот центар но и изградба на нов, ја подржуваат докторите, но се песимисти дека тоа ќе се случи во скоро време.

“Идејата за спојување на клиниките, нема вработен кој што не ја поддржува. Реално мислам дека веќе нема време затоа што сме пред избори.Но кој и да биде од идната Влада ако сакаме да имаме пристојно здравство, мора да се тргне од клиничкиот центар.И за да има пристојно здавство, мора да има пристоен кадар” – вели професорот Нико Беќаровски,од Клиниката за Токсикологија.

И хаосот во уличките и на паркинзите околу врвниот македонски здравствен центар останува да го рефлектира безредието во македонскиот здравен систем.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста