ВМРО-ДПМНЕ: Од лагите на СДС пензионерите видоа само полош живот и сиромаштија

ВМРО-ДПМНЕ: Од лагите на СДС пензионерите видоа само полош живот и сиромаштија

Пензионерите најмногу ги чувствуваат штетните последици од лошото владеење на СДС и ДУИ, економската катастрофа и високата инфлација поради која едвај го поминуваат месецот. Реалноста е дека со оваа власт на повеќето пензионери парите од пензиите не им се доволни ни за храна и сметки кои значително поскапеа, а камо ли за лекови кои им се неопходни. Впрочем да им беше убаво на пензионерите немаше да протестираат и да бараат денар повеќе за да преживеат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– И додека СДС лажат и манипулираат мислејќи дека постои некој кој ќе им поверува, пензионерите не може достоинствено да ги живеат своите пензионерски денови и се борат за гол живот и она што им следува. Од тие лаги на СДС пензионерите видоа само полош живот и сиромаштија. За среќа, на тоа му доаѓа крај и за брзо доаѓа нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе го врати достоинството на пензионерите, нуди реална помош и пензиите ќе се зголемат линеарно за 5.000 денари во рок од една година. Ниедна лага нема да ги спаси СДС од огромниот пораз кој ќе им се случи на 8 мај. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме – тврдат од партијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста