Власта планира избори под маски

Ќе го отвори ли уставниот суд патот кон повторно свикување на собранието и предвремени избори?  Неофицијално следната недела судиите ќе ја разгледуваат уставноста на двете одлуки на пендаровски за прогласување вонредна состојба. Можно е пред уставните судии да се најде и одлуката за распуштањето на собранието. Судиите треба да одлучат дали е реализирана целта за распуштање на законодавниот дом во ситуација кога сите рокови за изборите се пробиени.  Тоа би значело повторно состанување на парламентот и нов изборен датум. иако пред една недела уставен одлучи дека нема основа да ја разгледува иницијативата за оценка на уставноста на одлуката за распуштање на собранието на 16 февруари, новата вонредна состојба и пробиените изборни рокови ја менуваат ситуацијата. Претходно Талат Џафери одби да ја прифати иницијативата на СДСМ за свикување на собранието.

28 јуни се споменува како датум за избори. неофицијално власта инистира на брзи избори, а опозицијата смета дека не треба да има избори во време на пандемија. Генералниот секретар на СДСМ Николовски денеска потврди дека се размислува за избори и тоа под посебни услови, со маски.

“Одејќи кон ова сосема нормално дека дистанцата заштитните маски ќе бидат дел од изборниот процес вклучувајќи и многу други медицински протоколи кои навистина ќе треба да се почитуваат и ќе бидат дел од нашето секојдневие. Но секако ние почитувајќи ги сите мерки ќе избегнуваме односно нема да има масовни собири”, вели Николовски.

Важноста на втората одлука на Пендаровски за прогласување вонредна состојба во траење од 30 дена истекува на 16 мај. Се очекува и лидерска средба кај него на која ќе се разговара и за изборните рокови. Тоа го очекува и државната изборна комисија.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста