Болницата 8ми септември се претвори во главен Ковид – 19 центар во државата
Кој ќе ги згрижи пациентите со сериозни малигни и хронични заболувања кои извисија откако ГОБ 8 Септември стана главен центар за лекување на Ковид позитивни пациенти? Дилемата се отвора откако извори за Алфа алармираа дека пациенти кои имале закажано хируршки интервенции за лекување на сериозни заболувања, биле оставени да чекаат оти во болницата се примале само заразените со корона.
Раководството на болницата демантира – ургентното одделение било отворено за сите итни случаи.
Таму во моментов се хоспитализирани 90-тина пациенти со корона вирус. Сите други одделенија се затворени, а пациентите префрлени во другите клиники. Директорот Костов вели оти уште на 18ти март добиле известување од надлежното Министерството да ги оспособат капацитетите за сместување на сомнителни и позитивни пациенти.
Надлежните пак неусогласени во статистиките. Првиот човек на болницата тврди дека таму се лекуваат 90-тина пациенти. Здравствените власти пак велат, во 8 Септември се хоспитализирани само 35-мина.
Инаку, министерот за здравство Венко Филипче на почетокот на корона кризата рече дека заболените лица од Ковид- 19 ќе бидат хоспитализирани на Инфективната клиника, во полската болница и во Штипската болница која требаше да стане регионален центар. Но очигледно приматот како главен центар за лечење на болни од ковид 19 го зема болницата 8 ми септември.
Дејан Трендов