Уапсен е уште еден обвинет за терористичкиот напад во Москва

Уапсен е уште еден обвинет за терористичкиот напад во Москва

Во Русија уапсен е осмиот обвинет во случајот со терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ – 32-годишниот Алишер Касимов, кој, според медиумите, му дал стан на терористичкиот лидер Шамсуидин Фаридуни.

Касимов е уапсен по наредба на судот, врз основа на доказите собрани и доставени од рускиот истражен комитет.

За време на истрагата за масакрот во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва во кој беа убиени 139, а ранети 182 лица, се покажа дека лидерот на терористите е всушност Шамсуидин Фарадуни.

Најпрво се веруваше дека водач на групата е Далерјон Мирзоев, кој се гледа на грозоморното видео од нападот на кое им се покажува на другите терористи што да прават.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста