Трет тендер : 2 милони денари ќе добие фирмата „јунак“ што ќе се пријави да ја урива дивоградбата кај Мавровка

Почна да тече и третиот рок за градежните фирми да се пријават за уривање на бесправно изградените објекти во општина Чаир. Прва на списокот е дивоградбата пред Мавровка, а за нејзиното рушењето, вредноста на  новораспишаниот тендер,кој ќе трае две недели, е двојно поголема од предходните два и чини неворојатни 2 милиони денари (33 илјади евра). 

Дали вистината за идентитетот на инвеститорот кај Мавровка , беше убиена

уште од почетокот? Општината тврди дека инвеститорот што гради бил  непознат, по што се отвора прашањето – зошто сопственикот на земјиштето, ако веќе тој не е вистинскиот инвеститор,  не пријави, дека непознато лице, гради на неговиот приватен имот, односно, врши узурпација на неговиот плац.  Токму прашањата кои останаа нејасни ги поставивме до општина Чаир.

1.Дали сопственикот на доволата за градба, кој требал според таа дозвола да го врати објектот во истата положба е истиот што сега ја изгради дивоградбата? 

2. Ако е истиот, зошто општина го бараше инвеститорот  по огласи во весници? 

3. Вашите служби за односи со јавноста тврдат дека инвеститорот не сакал да превземе правна одговорност за прекршокот што го направил, МВР му го има идентитетот и цела доказна документација, сега е предадена во Обвинителство. Од таму нема отворено истрага. Зошто не инсистирате на одговорност? 

4.Општина Чаир или Обвинителството, кој го штити криминалното дејание на инвеститорот?

На сите прашања за нејаснотиите околу идентитетот на инвеститорот, кои Алфа ги постави на општина Чаир следуваше доста краток и одноставен одговор:

  • Утврдувањето на идентитетот на инвеститорот од друга страна е надлежност на Министерството за Внатрешни Работи.

Останува нејасно, како е можно за ваков милионски бизнис, да нема ниту една писмена трага.. на пример, нотарски заверен договор за градба, со кој сопственикот на земјиштето и мистериозниот инвеститор, ги регулираат меѓусебните права и обврски..

Прашање со кое можеби треба да се позанимаваат соодветни институции, е и периодот од избивањето на пожарот, до почетокот на градбата.. Kафулето изгоре на 1 мај а со градба се почна по месец и половина.. Според долгогодишни градежници, ова е  период,  доволен за да се изработи само идејно решение, но невозможно е за волку кусо време, да се стигне до главен проект, да се изработат сите неопходни елаборати, од напојување со електрична  енергија, статика, вода, канализација и уште многу други.. Искуството во скопските општини покажува дека за ова се потребни неколку месеци.    

Градскиот татко пак  денеска ја повика општина Чаир да го реши проблемот со дивоградбата а ако не го стори тоа да се вклучи и Државниот инспекторат. Шилегов не заборави да нагласи дека град Скопје не е надлежен, па за во иднина да не дојде до вакви случаи градежните инспектори треба да се префрлат во Градот вели скопскиот градоначалник.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста