Тошевски: Никогаш не сум бил осудуван, премиерот зборува невистини

Изјавите на премиерот Зоран Заев се целосна невистина, досега никогаш не сум осудуван – вели во реакција за Алфа бизнисменот Киро Тошевски кој беше гостин во нашата телевизија во петокот, во емисијата „Што не е јасно?“, а обвинува дека премиерот и неговиот брат, злоупотребувајќи ја власта сакаат да му го земат атрактивниот имот и земјиште лоцирани меѓу хотелот Хилтон и факултетот ФОН.
По емисијата, во саботата, премиерот одговори на прашање на Алфа во кое меѓу другото, тврдеше дека станува збор за човек, мислејќи на Тошевски, кој е пред извесно време осуден.
Тошевски приложи две потврди од судот дека досега не бил осудуван, едната е со дата 16.2.2018, а другата со датум три дена по изјавата на Заев односно на 17.12.2019.
-Одговорно изјавувам, вели Тошевски во демантот, дека досега не сум осудван. Истовремено јавно го повикувам премиерот да одговори од каде му се информациите за мојата наводна осудуваност, додава тој.