Термална камера ќе лови корона вирус на летови од Истанбул и Дубаи, но не и од Виена, Белград и Будимпешта

Смртоносниот корона вирус кој коси во азиските земји ги мобилизираше здравствените власти во Македонија. Од утре на скопскиот аеродром ќе биде пуштена термалната камера која ќе ги скенира сите патници што доаѓаат од Кина со летови преку Истанбул и Дубаи. Оние со сомнителни симптоми ќе минат низ строги протоколи за преглед и надзор, велат епидемиолозите. Сепак апелираат да не се создава паника оти во земјава во ек е сезонскиот грип кој има слични респораторни симптоми како и корона вирусот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста