Две градинки во Штип со различна политика

Бес и револт кај родителите на околу 800деца кои се згрижени во штипската детската градинка Астибо. Непријатно се изненадиле кога во текот на вчерашниот ден во група за интернет комуникација биле информирани дека треба да платат по 521 дена од месец, иако градинката во тој период беше затворена поради корона пандемијата.

Од службата на родителте им било речено дека средствата кои треба да ги уплатат по основ на матрејални трошоци, ќе бидат искористени за купување на нова постелнина и топломери.

„Ние како родители сме со став дека не е во ред барањето од страна на градинката да се изврши плаќање за пет месеци наназад. Оваа информација е доцна споделена и условена земајки го фактот дека не беше наша одлука да не одат децата во градинка од добро познатите причини. Не е во ред да се плаќа кога многу семејства во овој момент се погодени финансиски„ изјави засегнат родител кој сака да остане анонимен.

Изненадува фактот што матрејални трошоци за периодот кога се затворени , бара само едната градинка, додека од другата беа децидни за родителите да бидат ослободени од дополнителни трошоци треба да одлучи Советот на Штип

„За март месец беа работни само 7работни дена и за тој месец родителите ќе треба да платат 745денари. За месеците април и мај Управниот одбор при градинката Вера Циривири-Трена поднесе барање до Советот на Штип да одлучат како ќе се одвива партиципацијата„ изјави директорката на детската градинка Вера Циривири-Трена.

Советот на Општина Штип на последната седница нема разгледувано вакво барање ниту пак е донесена било каква одлука со која родителите ќе бидат задолжени или обврзани да плаќаат за матрејални трошоци додека децата ги чуваат дома. Откако социјалните мрежи буквално експлодираа од критики денес од општината најавија состанок за да се дефинираат понатамошните чекори, но поради обврски на градоначалникот истиот беше одложен.

За сега на родителите им останува да чекаат до утре кога и официјално ќе бидат известени. Одлука за ослободување на родителите од дополнителни трошоци имат во Виница и Кочани, а деновиве ќе се одлучува и во Македонска Каменица.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста